Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изрази жалење и сочувство до сите погодени од трагедијата во Кочани.
– Денeшниот ден се раздени со на жалосната вест за трагичната несреќа во Кочани каде згаснаа живототите на 51 лица. Моето најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа голема трагедија. Стоиме покрај нив во овие тажни моменти со верба дека ќе ја најдеме потребната сила и трпение да ја надминеме оваа голема болка што не зафати сите денес- наведува Муртезани во објава на Фејсбук.
Според последните информации, 51 лице загина, а 152 се хоспитализирани во пожарот што изби во раните утрински часови во дискотеката „Пулс“ во Кочани.