Министерството за надворешни работи ја потврди веста објавена во црногорските медиуми дека 22-годишно момче од Македонија починало во Црна Гора.
– Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека наш државјанин (Е.Х. роден 2000 година во Тетово) му е констатирана смрт во туристичкото место Утјеха – се вели во одговорот од Министерството за надворешни работи на Македонија.
Во тек е обдукција со цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорски институции.
Црногорските медиуми денеска објавија дека младо момче од Македонија се удавило на плажа во Црна Гора.