Фото: Принтскрин

Адвокатот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, кој од вчера е во полициската станица во Карпош, денеска во изјава за медиумите рече дека Бектеши бил повикан на информативен разговор и дека сам се јавил по што е побарано тој да биде задржан заради понатамошно проверки.

– Вечерва му истекува времето од 24 часа на задржување- изјави адвокатот Еленко Миланов, додавајќи дека до 14 часот во судот немало никакви известувања за некаква постапка против Бектеши.

Прашан за кои околности е повикан Бектеши во полициска станица, Миланов рече дека засега нема правна квалификација.

– Работата е што нема правна квалификација. Тој е повикан со покана на информативен разговор на којшто се јавил и по информативниот разговор е побарано да биде задржан за понатамошнни проверки додека Министерството провери што и како- рече Миланов.

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вчера е повикан на информативен разговор во полициска станица, во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани.