Првата детска амбасада „Меѓаши“ по пожарот во Кочани во кој загинаа повеќе од 50 лица отвори шест дополнителни телефони за психолошка прва помош за децата и нивните семејства.
– Тимот на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ од денеска е во дополнителна засилена служба на децата, нивните семејства и другите засегнати лица опфатени со пожарот. Потребен ти е разговор? Сакаш да дознаеш како можеш да помогнеш на најблиски? – стои во објавата на официјалната фејсбук страна на Меѓаши.