Болна тишина во Кочани низ која се пробиваат само звуци на тага и болка, лелеци на членовите на семејствата, на најблиските на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Денеска цело Кочани, цела Македонија се прости од своите чеда и ги испрати во вечното почивалиште.

Градските гробишта во Кочани беа претесни да ги соберат сите присутни, кои пристигнуваа во поворки за да ги испратат трагично загинатите. Повремено се слушаа сирените на возилата за Итна помош, чии тимови им помагаа на оние на кои им се влошува здравјето. Реагираа и екипите на Црвен крст.

Во градот не работи ништо.

Покрај во Кочани, во колони долги по неколку стотина метри граѓаните денеска во Штип се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани.
Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се погребани денеска и во Скопје ви во Струмица.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59 лица на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од починатите се на возраст на 24 и 26 години.
Министерство за здравство ги објави имињата на жртвите.
Стефанија Алексова (2004)
Јорданчо Џамов (1993)
Иван Трајчев (2000)
Џоко Ѓоргиев (2000)
Александар Коларов (1981)
Иван Величков (1998)
Андреј Стојанов (2000)
Ивона Антова (2003)
Павел Христовски (2004)
Диме Димитријев (1994)
Никола Насевски (2007)
Тоше Богданов (1994)
Тоше Тодоровски (1988)
Ана Коцева (2004)
Адријан Живков (2000)
Гордан Петрушов (2001)
Игорче Горгиев (1976)
Филип Стевановски (1988)
Томче Стојанов (2003)
Моника Стоименова (1999)
Стојанчо Стојанов (1988)
Capa Пројковска Николовска (1977)
Марија Шопова (1997)
Петар Ивановски (2004)
Александар Ѓорѓиев (1991)
Матеј Марковски (2007)
Бојана Закова (1997)
Ѓорѓи Василков (1999)
Александар Петров (1999)
Драгана Минова (2008)
Capa Алексова (2006)
Андреја Ѓорѓиески (1982)
Филип Ивановски (2008)
Capa Јорданова (2007)
Марија Стрезоска (2001)
Александар Ефремов (1992)
Игор Велков (1980)
Лепа Тасева Стојковска (1998)
Мартин Атанасовски (1996)
Александар Алексов (1986)
Божидар Минов (2001)
Кети Милковска (1999)
Томас Златков (2003)
Стефанија Соколова (2005)
Леонид Велков (2007)
Надица Наунова (2007)
Виктор Јорданов (2000)
Андреј Панов (2000)
Димитар Иванов (2008)
Спиро Стоименов (1998)
Јове Владимиров (1993)
Ице Андонов (2003)
Стефан Тасевски (1988)
Ѓорѓи Величков (1994)
Александар Стојанов (1986)
Сања Христова (1999)
Дамјан Танески (2006)
Моника Спасова (1998)
Андреј Лазаров (1999).
Нека почиваат во мир.