Фото: Архива

Мајка и дете го загубиле животот попладнево во скопската населба Тафталиџе, откако паднале од балкон на станбена зграда.

Според првичните информации, телата биле пронајдени кај станбен комплекс лоциран меѓу улицата „Прашка“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, нешто по 14 часот. Настанот бил пријавен во Министерство за внатрешни работи во 14.15 часот.

На терен излегле полициски службеници и јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, кои вршат увид со цел да се утврдат сите околности поврзани со случајот.

Од МВР посочуваат дека пријавата била заведена како самоубиство, но нагласуваат дека конечната правна квалификација ќе биде донесена по завршување на истрагата.

Засега не се објавуваат информации за возраста на починатите, ниту пак има официјална потврда за наводите дека жената претходно била жртва на семејно насилство.