Мајката на убиениот Пино Секондо, кој со месеци претходно се водеше за исчезнат, преку статус на Фејсбук се обрати кон јавноста, заблагодарувајќим им на сите за поддршката.
Таа напиша дека ќе бара правда за нејзиното дете и очекува двајцата убијци да добијат доживотен затвор.
– Ќе барам правда, убијците треба да добијат доживотен затвор – напиша мaјката на Пино на Фејсбук.
Трпковска и претходно обвинуваше дека девојката на нејзиниот син Ангела била вмешана во случајот. Вчера МВР јави дека момчето било убиено. Неговото тело е најдено во атарот на селото Љуботен пред еден месец, но сега бил утврден неговиот идентитет.
МВР поднесе кривична пријава против двете лица кои стојат зад убиството и обелодени дека едното од нив е женско.