Малолетно девојче, кое управувало мотор, а зад него седела уште една малолетна сопатничка, удрила во запрежно возило во Струмичко.
Несреќата се случила вчера кај селото Дрвош.
– Малолетничка, управувајќи мотоцикл ‘кавасаки’, без регистарски ознаки, удрила во запрежно возило, управувано од В. И. (74) од с. Дрвош. Во незгодата малолетната сопатничка од мотоциклот добила тешки телесни повреди, а телесни повреди добила малолетничката што го управувала мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица – соопшти полицијата.
Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Струмица.