Момче на возраст од 22-години почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат од селото Железница кон селото Крилатица во Кратово.
Во несреќата учествувале возило управувано од С.С.(22) од Кратово и патничко моторно управувано од М.Д.(29) од селото Талашманци,кратовско.
– Во незгодата на лице место починал возачот С.С., додека сопатниците од истото возило Г.Г.(33), Д.В.(24) двајцата од с.Железница и Ф.М.(27) од Кратово, заедно со возачот на другото возило М.Д. биле пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош, при што на М.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди – информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.