Фото: ЦУК / Илустрација

Во период од три дена, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Македонска Каменица интервенираше на два пријавени пожари. Како што информираа од противпожарната единица, денеска е интервенирано на пожар во село Саса маала Среден рид, а претходно и на пожар во село Цера.

-При гаснењето на пожарот кај Саса на лице место беше затекнато лицето кое го предизвикало пожарот, за што беше известено и МВР – информираа од ТППЕ Македонска Каменица.

Опожарена е површина од три декари сува трева и мал дел букова шума.

-Благодарение на брзата реакција пожарите беа навремено изгаснати. Апелираме  да не се пали на отворен простор за да не се предизвикуваат уште поголеми штети – додадоа од ТППЕ Македонска Каменица.

Секој забележан пожар апелираа навремено да биде пријавен на телефоните 112, 192 или 193.