Фото: Архива

Локализиран е пожарот што избувна во влизина на скопскиот Аквадукт, во близина на улица  „Словенечка“, каде гореше ниска вегетација и ниска стеблеста шума – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На терен интервенирале екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) со три противпожарни возила и девет пожарникари. 

Под целосна контрола е пожарот, што избувна попладнево на отворен простор во близина на римскиот аквадукт во Скопје. Од пожарот беше зафатена трева и грмушки и поголема количина на расфрално ѓубре низ опожарениот простор – информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов очекува пожарот набрзо да биде целосно изгаснат.

– Екипите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) веднаш излегоа на терен, но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето – изјави Ангелов.