Фото: Пиксабеј

Полициски службеници од ОВР Неготино синоќа во 22:10 часот ги лишиле од слобода 36-годишната Ц.Н. и Д.Н.(50), двајцата од Неготино, поради основано сомнение дека извршиле кражба, при што одзеле околу 30.000 евра од домот на брачен пар од Неготино.

Како што информираат од Министертвото за внатрешни работи, со судска наредба бил извршен  претрес во нивниот дом, каде биле пронајдени и одземени 2320 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата.

-Додека, денеска со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на 62-годишната З.Т. и Т.Т.(34) од Неготино, мајка и брат на Ц.Н., при што во просторија  каде живеела нејзината мајка биле пронајдени и одземени 2485 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбата, зелена растителна материја, таблети екстази и бела прашкаста материја – посочуваат од МВР.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.