Фото: Пиксабеј

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.Х. (39) од с. Крушопек, Скопско, затоа што вчера околу 14:30 часот на бул. „Партизански одреди” во Скопје, наспроти пазарот Ѓорче Петров, управувајќи патничко возило „голф” со скопски регистарски таблички, удрил во 12-годишна малолетничка-пешак од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош малолетничката е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде ѝ била укажана лекарска помош и констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид од СВР Скопје, а возачот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка.