Фото: Пекселс

Денеска во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на булеварот Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје.

Како што информираат од Министертвото за внатрешни работи, велосипедистот од здобиените повреди починал на местото на настанот.

– По несреќата, возачот на возилото пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.