Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишиле од слобода И.Џ. (49) од Тетово, поради сомнение дека подметнал пожар во Катланово.
-Денеска околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар кај православните гробишта во Катланово, при што горела нискостеблеста шума и трева, а според тврдење на очевидец, пожарот го подметнал И.Џ.. Пожарот самиот се изгасил откако заврнало дожд. По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – соопшти МВР.