Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и во Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи по извршените проверки.
– Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на и-мејл адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави – се наведува во соопштението од МВР.
По дојавите за бомби исптатени на електронските адреси, вчера сите попладневни активности во тие училишта беа прекинати, а децата испратени дома.




































