Полицијата приведе 49-годишен жител на кумановското село Режановце, откако бил затекнат како управува возило под силно дејство на алкохол.
Настанот се случил на 24 март 2026 година во 12:02 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, каде полициски службеници од СВР Куманово сопреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ц. (49).
По извршената контрола било утврдено дека возачот имал дури 3,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

































