Во периодот од 19 до 22 март 2026 година, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа засилени контроли насочени кон санкционирање на прекршувања на законите, со посебен акцент на точење алкохол на малолетници.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи, биле извршени контроли во 12 угостителски објекти на подрачјето на Аеродром. Во три од нив биле затекнати малолетни лица на кои им биле послужени алкохолни пијалоци.
По целосно документирање на случаите, против одговорните ќе бидат поднесени кривични пријави согласно член 204 од Кривичниот законик, кој се однесува на „точење алкохол на малолетници“.


































