Фото: Маја Јаневска Илиева

Денес, ОВР Демир Хисар до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“ по член 390 од КЗ, информираа од Министертството за внатрешни работи.

– Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар со одлука од страна на општина Демир Хисар од 05.08.2025 – велат од МВР.