Судскиот совет ќе постапува по претставката од Бојан Јовановски-Боки 13, а по обвинувањата дека Кривиечн суд има донесено фалсификувано решение со кое се одбива неговото барање да за прекин на казна поради влошено здравје. Јовановски побара вонреден надзор, а пак, Судски совет извести дека веднаш ќе постапи.
– Ве известуваме дека по поднесената преставка од страна на Бојан Јовановски до Судскиот совет на РСМ, односно Барање за формирање на комисија за спроведување на вонреден надзор и контрола во врска со постапувањето на Основниот кривицен суд Скопје по предметот ПК бр.18/22 , денеска до бранителот мр. Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, пристигна известување дека истата ВЕДНАШ е земена во работа и дека се постапува по нејзинити наводи. Ја поздравуваме ажурноста и итноста при постапувањето од страна на Судскиот совет и за секое дополнително правно прашање во врска со оваа правна ситуација бранителот мр. Владимир Туфегџиќ“ – посочува правниот тим на Бојан Јовановски.
Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 за случајот „Рекет“ обвинувањата дека Кривичниот суд направил фалсификувано решение ги испрати до Судскиот совет од кој бара вонреден надзор и ревизија. Тој на членовите на Судскиот совет им посочува дека решението за прекин на казната кое се однесува на него е антидатирано во АКМИС-системот. Јовановски во дописот до Судски совет укажува зошто се сомнева на фалсификување и антидатирање.