Фото: МИА

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

– Епископот Стојанов ги ветува своите лични молитви и молитвата на Црквата, препорачувајќи ги загинатите на Божјото милосрдие. Повредените, семејствата и сите оние кои се борат за нивните животи тој ги препорачува на застапништвото на Пресвета Богородица, да им дарува побрзо оздравување, сила, утеха – се вели во соопштението од Католичката црква.

Денеска во 19 часот, како што стои во објавата, во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица ќе се служи панахида за покојните, наместо трибината за Јубилејната година, којашто била планирана за тој термин.

– Во деновите на жалост, започнувајќи од денес во сите цркви на Католичката црква во Македонија ќе се моли за покојните и за здравје на повредените – велат од Католичката црква.