Камион управуван од државјанин на Македонија синоќа се превртел на автопатот „Тракија“ во правец кон Софија.
Сигналот бил примен околу 20.30 часот во регионалната дирекција на МВР во Пазарџик, јави „БНТ“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на местото на настанот се испратени тимови на сообраќајната полиција, противпожарната бригада и екипи на брза помош.
Македонскиот возач е пренесен во болницата во Пазарџик. Засега нема други информации за неговата здравствена состојба.
Камионот превезувал ѓубриво кое било расфрлено на коловозот.