Полициски службеници од ОВР Ресен вчера во 18.25 часот добиле повик за помош од Ј.Д.(20) од Битола.
Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој со своето возило „сузуки”, заедно со своите сопатници А.В. и Ѓ.Д., двајцата од Битола, бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Св.Наум, на кој има активна забрана за движење на возила во зима.
Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на местото на настанот и го пронашле возилото кое било заглавено во снегот, по што заедно со возачот и сопатниците, биле извлечени со возилото и спуштени на безбедно место.