Фото: Пиксабеј

Пожар избувна ноќеска околу десет минути до два часот на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле, објави МИА.

Во пожарот е опожарена една куќа и помошна просторија. Според изјави на очевидци кои биле на местото на настанот, пожарот се појавил позади помошната просторија, која се наоѓа во близина на куќата.

Во тек е увид на местото на пожарот.