Пожарот, кој беше активен од вчера рано наутро, во зграда во скопската населба Чаир е изгаснат, денеска во 9.30 часот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Во 6 часот, денеска, 3.10.2024, е добиена информација од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на терен биле 3 противпожарни возила БППЗ на Град Скопје. Околу 9.30 часот бил доизгаснат. Во моментот пожарот е комплетно изгасен, но состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува – информираа од ЦУК.
Вчера, од Итната медицинска помош во 14.25 часот известија дека имаат дадено прва медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, 1 пожарникар и 1 бремена жена.