Фото: МИА

Пожарот што избувна во казино во Ѓорче Петров е изгаснат, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.

Претходно, градоначалникот на општината Александар Стојкоски информираше дека нема човечки жртви во пожарот.

– Гори покривна конструкција на објект и се работи на терен да се санира пожарот. Не се работи за општински објект, туку за приватен – изјави Стојкоски по увидот на градежните работи за новата градинка во Волково.

Пожарот избувна утринава, а во гаснењето учествуваа шест противпожарни возила. Поради пожарот, сообраќајот во овој дел од општината се одвиваше отежнато.