Фото: „Нова Македонија“

За инцидентот во Волково издадена е наредба за обдукција и од местото на настанот подигнато е оружјето кое ќе биде предмет на вештачење.

Од Државното јавно обвинителство информираат дека извршен е увид на лице место и дека ќе се вршат балистички и други вештачења со цел да се утврдат сите околности на настанот.

Во инцидентот во Волково починаа две лица, а еден малолетник е повреден и пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Инцидентот го потврди и Министерството за внатрешни работи.