Попладнево во регионот на селата Миокази и Челопеци избувна пожар кој потоа се прошири кон село Челопеци и кон воените објекти во правец на село Орланци.
– Пожарот кој рано попладне избувна во атарот на селата Речани и Челопеци и почна да се шири кон воените објекти лоцирани во правец на село Орланци сѐ уште не е целосно изгаснат. Во текот на попладнето на огнената стихија интервенираа два Ер –трактори кои во четири наврати истурија вода на опожарената површина. На огненото жариште покрај од воздух се дејствува и од земја, а најактивни се припадниците на АРМ кои спречија заканата од пламената стихија да не се прошири до воените објети. На пожарот дејствува и екипа на ТППЕ Кичево. Ситуацијата будно се следи дежурни екипи се наоѓаат крај опожарената површина за да се спречи евентуално проширување на огнот , кој се протега на околу 16.000 метри квадратни површина – информираа од ТППЕ Кичево.