Фото: Маја Јаневска-Илиева / Илустрација

Попладнево избил пожар во близина на трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според првичните информации, гори ѓубриште зад трговскиот центар, при што се забележува чад.

Екипите на скопската Противпожарна бригада (БППЗ) се на терен.

Допрва се очекуваат дополнителни информации.