Прилепското јавно обвинителство започна истрага за да се утврди од што починало бебе старо осум дена. Обвинителот Стевчо Биноски изјави дека во текот на вчерашниот ден кога биле извесетни за починатото бебе, дале наредба за обдукција, која е извршена и ќе покаже од што починало бебето.
– Веднаш формиравме предмет за смртта на бебето старо осум дена, кое било родено во прилепската болница и пуштено дома по два дена, по барање на мајката. Дадовме упатствa за дополнителни разговори и пративме допис до болницата за комплетно доставување на извештај за целосната постапка таму, а извршен е увид и во домот на семејството. При увидот утврдено е дека условите во кои живеело семејството на бебето се сиромашни. Истрагата продолжува – изјави Биноски.
Од СВР Битола информираат дека вчера на 11 декември, во 8.35 часот на детското одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе старо осум дена, по што го информирале Обвинителство со посочување дека на детското одделение се обиделе да го реанимираат бебето, но било безуспешно. Спореd информациите со кои располагаме семејството на бебето живеело во периферијата од градот, и им било трето дете.
Ka.M.




































