Институтот за трансфузиона медицина информира дека располага со доволни количини на крв и крвни компоненти од сите крвни групи.
– Благодарение на континуираната поддршка од нашите хумани крводарители нашата институција успешно ги задоволува барањата за сите пациенти. Во моментот нема потреба од вонредно дарување крв – се вели во информацијата од ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина.
Институтот за трансфузиона медицина изрази длабоко сочувство и жалење до семејствата на жртвите во трагичната несреќа во Кочани.
– Ние продолжуваме да бидеме тука за сите потреби и да го дадеме својот придонес во обезбедување на медицинска помош за оние кои имаат потреба – се посочува во информацијата.