Видео на кое реката Вардар е преплавена со пластични шишиња и друг отпад, кои слободно пливаат по текот на реката, беше објавено попладнево на локалните медиуми од Тетово.
– Стотици или илјадници пластични шишиња фрлени во реката Вардар, ситуацијата е забележана во близина на Копанце – пишува „Тетово инфо“ на социјалните мрежи.



































