Хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа во близина на градот Жупања, во која едно лице загина.
Тој управувал со своето возило во кое немало други лица и се судрил со комбе чиј возач загинал.
Според неофицијални информации, Баножиќ утрово заминал на лов.
Причините за несреќата се истражуваат.
Баножиќ од болницата во Жупања е префрлен во Клиничкиот центар во Осиек.