Фото: ДЗС

Министерството за внатрешни работи информира дека преку 30 тони вода во 22 налети биле ифрлени денеска во попладневните часови од хеликоптерот бел 412, кој бил повикан за гасење пожар во реонот на Дојран.

Оттаму дополнуваат дека поради ноќните услови хеликоптерот се повлекол во базата.

Претходно, Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека до 19 часот на територија на државава регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, а еден е под контрола.

Според информациите од ЦУК, изгаснати се девет пожари, а два се локализирани.

Во земјава е прогласена кризна состојба од 30 дена на ниво на цела држава поради пожарите.