Фото: МИА

Град Скопје изрази сочувство до семејствата на настраданите во трагичната несреќа што ноќеска се случи во Кочани.

– Трагедијата која што се случи е огромна, нема зборови што можат да ја искажат болката и тагата за загубата на нашите сограѓани. Сочувство до семејствата и роднините на настраданите изразија претседателот на Советот на Град Скопје и градоначалникот на Град Скопје кои во рамки на коодинираните активности за помош на семејствата на жртвите и повредените при катастрофалниот настан во Кочани, организираат итна седница на Советот на Град Скопје која претседателот на Совет ќе ја свика за вторник 18 март – информираат од Град Скопје.