Фото: „Нова Македонија“

Подготвеноста на Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучително и спасувачки тимови и медицинска помош, изразил министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што информираа од грчкото МНР, Герапетритис во телефонскиот разговор изразил сочувство за загубата на животите во трагичниот пожар во Кочани и понудил помош од Грција.