Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е хоспитализиран по големата трагедија ноќеска во Кочани. Лазаров има изгореници, но не е во животна опасност, информираа од ФК Шкупи.
– Ве известуваме дека нашиот фудбалер Андреј Лазаров е надвор од животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега, откако се здоби со изгореници во пожарот и голема трагедија во текот на ноќта во Кочани. Оваа информација ја потврдивме откако контактиравме со неговото семејство и роднините. На Андреј му посакуваме брзо закрепнување и враќање во нашиот тим. Во овој тежок момент, на сите им изразуваме најискрено сочувство. Нашите срца се со семејствата на жртвите и со целата наша земја. Се надеваме дека вакви трагедии никогаш повеќе нема да се случат! – објави ФК Шкупи на социјалните мрежи.