Фото: Н.М.

Пожар избувнал наспроти бензинската пумпа „Нептун петрол“, покрај автопатот Гостивар – Тетово, не информираа читатели, кои ни испратија и фотографии.

-Пожарот е пријавен. Рекоа дека кон местото оди пожарникарска екипа од Тетово – велат читателите, чиј впечаток е дека пожарот брзо се шири.

За пожарот побаравме подетални информации од Центарот за управување со кризи, од каде што потврија дека е пријавено и дека се интервенира кај Боговиње. Штом ќе ги добиеме подетални информации, ќе ги објавиме.

Фото: Н.М.
Фото: Н.М.