Фото: Пиксабеј

Физичка пресметка се случила рано утрово пред казино во Неготино, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Утринава во 04.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле А.Ј.(39) од неготинско село, затоа што пред казино во градот, тој и неготинецот Д.Ј.(35), по  вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка – појаснија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека со Д.Ј. бил извршен службен разговор, а А.Ј. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.