По наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп, во прилепската болница попладнево постапува Управата за финансиска полиција.
Како што информираа од обвинителството, се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата прилепската болница.
– Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали во текот на утрешниот ден – информираа од ОЈО.