Поранешниот министер за здравство Венко Филипче ќе има лично обезбедување, oбјави „Фокус“ повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Филипче за „Фокус“ ги демантираше објавите во дел на медиумите, кои претходно известија дека поранешниот министер добил обезбедување откако бил цел на закани по неговиот живот.
– Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци – изјави Филипче за „Фокус“.
Членови на Владата можат да имаат обезбедување и по престанокот на функцијата врз основа на направена безбедносна проценка, според МВР.