Фото: Архива „Нова Македонија“

Европската Унија е подготвена да помогнеме на Македонија во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, изјави за МИА портпарол на Европската комисија.

– Подготвени сме да помогнеме преку нашиот Механизам за цивилна заштита, доколку тоа биде побарано – посочи портпаролот, при тоа изразувајќи жалење за трагедијата.

Во врска со пожарот се огласи и еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент Хаџа Лабиб која изрази жалење за жртвите и изрази солидарност со земјава.