Што точно зафатил пожарот во судот во Куманово ќе утврдуваат началници и раководители за криминалистички и технички вештачења. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, извести дека гаснењето на огнот сè уште е во тек, а екипи за помош од Скопје се веќе испратени на терен.
-Во моментот не може да кажеме што точно е зафатено од пожарот бидејќи според најновите информации сè уште трае гаснењето. Ние ги активиравме сите служби. Заминаа и началници и раководители од одделот за криминалистички и технички испитувања и вештачења од Скопје за да може да се направи увид и да видиме кои се причините и што точно е зафатено со пожарот – рече министерот Оливер Спасовски.
Ноќеска пожар избувна во Основниот суд во Куманово, а просториите чадеа и утрово.