Едно 25-годишно лице е тешко повредено во сообраќајката што се случила доцна синоќа во која се судриле автомобил и камион. Несреќата се случила на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром.
– На 10.02.2026 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(56) с.Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје – информираа од МВР.
Од Министерството за внатрешни работи додаваат дека бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.
































