Две жени пријавиле семејно насилство во СВР Скопје по претрпени физички напади.
Во првиот случај, вчера во 9:20 часот во СВР Скопје 45-годишна жена од Скопско пријавила дека во претходните денови неколку пати била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Б. (48) од Скопско.
Според пријавата, А.Б. и го оштетил мобилниот телефон и нејзиното патничко возило.
Во вториот случај, 29-годишна жена од Скопско пријавила во СВР-Скопје дека на 10 јануаруи 2026 година во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физичка нападната од нејзиниот сопруг К.Ј.(33), кој употребил тврд предмет, а притоа и упатувал ѝ закани со остар предмет.
Претходно, според пријавеното, К.Ј. физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.


































