Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете жени се пронајдени на пат помеѓу скопските села Долно Количани и Батинци, но тие не се странски државјанки, туку се од земјава, соопшти Центарот за управување со кризи.
Жените се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево.
-Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Македонија – наведува ЦУК.
Претходно соопшти дека преку единствениот број за итни повици 112 била добиена информација дека две жени кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла.
– ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен. Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот. Акцијата е во тек – информираше попладнево ЦУК.

































