Две жени биле нападнати од нивните сопрузи во два одделни случаи, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово.
Во СВР Куманово, вчера во 16:40 часот, 57-годишна жена од село во општина Липково пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.
Подоцна во текот на вчерашниот ден во 20:20 часот, 26 годишна жена од Куманово пријавила во полицијата дека нејзиниот сопруг и се заканувал со остар предмет.
И за двата случаи полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



































