Две девојки се тешко повредени во сообраќајка што се случила ноќеска во Гостивар помеѓу полициско возило „шкода јети“, сопственост на МВР, и патничко возило „пасат“, со гостиварски регистарски ознаки.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила на крстосницата меѓу улиците „Седек Костоски“ и „Б. Блажески“ во 4.20 часот. Во полициското возило се превезувале двајца полициски службеници, додека во „пасатот“, управуван од Б.Л. (21) од Гостивар, сопатнички биле М.К. (21) и М.Д. (21), двете од Гостивар.
Во несреќата, М.К. и М.Д. се здобиле со тешки телесни повреди, а другите тројца учесници со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Известени се јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, а увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.