Две девојки попладнево паднале во бездна кај манастирот Трескавец во близина на Прилет, обидувајќи се да се спуштат по стрмните и непристапни карпи, соопшти Центарот за спасување со кризи. Тие се јавиле и побарале помош преку телефонската линија 112, по што на местото веднаш се упатиле спасувачи.
– За настанот веднаш се известени и излезени на терен доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и екипа од ТППП Прилеп (четворица пожарникари со едно теренско возило), ДЗС – Прилеп и МВР (ЦИК- Битола) – информираат од Центарот за управување со кризи.
Во 17:15 часот двете девојки се пронајдени од доброволното друштво „Златов врв“ од Прилеп и тие се во добра здраствена состојба, информираат од ЦУК.