Фото: Пекселс

Полицицијата го лишила од слобода М.Р. (26) од Скопје затоа што околу 13:50 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје со патничко возило „ауди“ со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник што туркал велосипед.

Како што информираат од МВР, двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.